На Клиниката за гинекологија и акушерство од четири лифтови два не работат речиси година и половина! Од другите два, едниот е службен, а другиот за пациенти, но и тој често се расипува. Дали е свесна за состојбата и што е тоа што се случува со лифтовите, директорката Јовановска? Ако е запознаена со состојбата зошто не ја санира? Ако не е, во тој случај не треба да биде менаџер на ваква здравствена установа, бидејќи за добар менаџер не треба да си доктор?

Што треба во ваква ситуација да прават пациентките кои се со патолошка бременост и мораат да доаѓаат на редовни контроли, и при тоа секое непотребно движење значи опасност за нивниот плод и може да го изгубат или да испровоцираат некаква несакана ситуација? Дали директорката Јовановска не е поставена да биде менаџер на оваа толку битна и важна установа, само со цел да им обезбеди што полесен да им биде периодот на носење и раѓање на детето на мајките родилки? Зошто во тој случај директорката на ГАК, Викторија Јовановска им прави дополнителни проблеми и пречки на трудиниците на нивниот пат да станат мајки?

Каде е сега министерот за здравство, Венко Филипче, да реагира и да стави крај на голготата која ја преживуваат новите мајки? Дали Филипче е во неговата канцаларија и смислува нови сплетки и манипулации наменети за народот, а во интерес на СДС и неговите другарчиња од власта? Зошто министерот го троши времето и народните пари на планови и помош на партиските актвиности за предстојните избори, наместо да троши време и да се вложува во подобрување на условите за сите пациенти посебно за мајките родилки? – прашуваат и посочуват мајките родилки и дел од пациентите со кои разговаравме