Eдинствената заболена од коронавирус во Македонија при повторно тестирање е негативна

Министерството за здравство попладнево информираше дека единствената заразена пациентка од коронавирус во Македонија денеска повторно била тестирана. Резултатите при повторното тестирање на коронавирус покажале дека пациентката е негативна. Но согласно…

Министерството за здравство попладнево информираше дека единствената заразена пациентка од коронавирус во Македонија денеска повторно била тестирана. Резултатите при повторното тестирање на коронавирус покажале дека пациентката е негативна. Но согласно процедурата, од министерството соопштија дека тестот за коронавирус ќе биде повторен по 48 часа.

-Направен е контролен тест на единствената заболена пациентка од коронавирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете се во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, тој ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка, соопштија од Министерството.


Related Articles