Појадокот е најважен оброк во текот на денот, а повеќето луѓе се трудат тогаш да изедат нешто полесно. Меѓутоа, дали тоа е правилно? Колку грешат оние кои за појадок решат да каснат пица?
Ако од приказната го изоставиме натриумот како состојка која не смее толку лесно да се изостави кога се во прашање лица со висок крвен притисок, факт е дека пицата е составена од јагленихидрати, протеини, масти и можеби малку зеленчук. Тоа ја прави балансиран појадок од намирници со висок потенцијал да го подигне нивото на шеќер до небо и потоа да ве турне на под.
Со тоа, ако ги споредиме количините калории во парче пица и една чинија житарици, ќе видиме дека се подеднакви.
„Можеби звучи неверојатно, но просечно парче пица и чинија житарки со полномасно млеко содржат скоро иста количина калории. Меѓутоа во пицата се наоѓа многу посилен протеински пакет кој може да ве одржува сити во текот на целото утро“, рекла неодамна нутриционистката Челси Ејмер за Дејли меил.
Секако, ваков појадок не треба да ви премине во секојдневие. Не треба да се претерува но повторно без никаков страв и каење може да изедете парче пица.
„Иако пицата може да биде здрав избор, на ваквите тврдења може да им се даде зелено светло за драстично зголемување на натриумот, јаглехидратите и мастите рано утрото, со што се создаваат предуслови за неуспех во текот на денот“, рекла Челси.