– Во Бугарија се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус. Едниот е во Плевен, а вториот во Габрово, соопшти синоќа на полноќ Националниот оперативен штаб.
Како што јави БГНЕС, првите пациенти се 27-годишен маж и 75-годишна жена. Тие се хоспитализирани во своите градови и се во добра здравствена состојба. Веќе се испитуваат лицата кои биле во контакт со инфицираните.
Заразените лице на патувале во странство, а дополнително ќе се истражува кој бил нултиот пациент.