Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека поради настанатата ситуација со коронавирусот, како дел од мерките за заштита од ширење на вирусот, е и издавањето на редовните терапии на хроничо болните лица да се врши кај матичните лекари. Филипче додаде дека нови болни од други болести ќе мораат на специјалист, мерката важи само за хроничните.
Тој нагласи дека сите интервенции закажани за периодов ќе бидат одложени, освен итните.
Клиниките ќе работат со намален капацитет, само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор -рече Филипче.
Од вкупно 9 заразени во земјава, 6 се во стабилна состојба, кај 3 е влошена состојбата. Тие се на возраст од над 60 години и имаат отежнато дишење. Утрово се пријавило еден лице за тестирање. Пациентот е дојден од Германија, и утрово имал покачена температура, рече министерот Филипче.