Во борбата против брзото ширење на новиот коронавирус, австриската Влада планира дополнителни рестриктивни мерки што драстично ќе влијаат врз животот на граѓаните.
По одлуката да се затворат училиштата следната недела се повикуваат граѓаните да ги намалат социјалните контакти, владата се подготвува да ги затвори угостителските објекти.
Канцеларот Себастијан Курц најверојано ќе ги објави тие мерки денеска, по средбата со претседателите на провинциите, доколку тие се согласат.
Владата планира да ги затвори сите угостителски објекти, од барови до ресторани или да им овозможи да работат само до 18 часот. Исто така, ако бројот на заразени лица достигне 10.000, како што предвидува канцеларката Себастијан Курт следната недела, ќе бидат затворени и сите продавници, освен супермаркетите и аптеките.
Во случај на понатамошен раст на заразените, се разгледува забраната за напуштање на станот.
МВР на Австрија веќе засили патроли низ градовите во обид да спречи навреме кражби од супермаркети и трговски центри поради се поголем страв од коронавирусот.