Во Гостивар тестирани двесетина лица, резултатите негативни

 Од почетокот на воведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, во Гостивар се тестирани околу двесетина лица, а нивните резултати се негативни. Вчера било тестирано едно лице, кое…

 Од почетокот на воведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, во Гостивар се тестирани околу двесетина лица, а нивните резултати се негативни.

Вчера било тестирано едно лице, кое пред десетина дена се вратило од Германија, резултатите ќе се знаат во текот на денот. На територијата на општина Гостивар полициски надзор и контрола се седумдесетина граѓани.

Овие информации денеска беа споделени на заседавањето на кризниот штаб во општина Гостивар, на која покрај претставници на институции, беа и градоначалниците на општина Врапчиште и Маврово-Ростуше.

По состанокот, беа донесени заклучоци кои на прес конференција ги презентираше градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари.

–  Доследно да се почитуваат препораките на Владата и воопшто да не се прави компромис,

– Сите институции да го искористат нивното влијание со цел граѓаните да останат дома,

– Да се развие стратегија за изолација на потенцијални случаи заразени со корона вирус и да се обезбедат соодветни услови,

– Да се одржи високо ниво на хигиена во сите државни и општински институции

– Движењето на граѓаните да се сведе на можен минимум,

– Соработката помеѓу институциите да се подигне на максимално ниво.

Од општината информираа дека се преземаат засилени мерки за поголема комунална хигиена и се вршат дезинфекции на јавните површини и објекти.

Тројцата градоначаници апелираа до граѓаните да ги почитуваат прпишаните мерки.

Во текот на денот ќе се контактира со сопствениците на пазарите и ќе биде побарано од нив да ги затворат, иако тие не се опфатени со мерките.

 


Related Articles