Хрватска бележи нов рекорд на заболени, 255 за едно деноноќие

Во Хрвтаска во изминатите 24 часа се регистрирани нови 255 случаи на инфицирани со Ковид-19. Бројот на активни случаи во земјата достигна 1 689, од кои 127 се хоспитализирани, а…

Во Хрвтаска во изминатите 24 часа се регистрирани нови 255 случаи на инфицирани со Ковид-19. Бројот на активни случаи во земјата достигна 1 689, од кои 127 се хоспитализирани, а 13 се приклучени на респиратор. Нема починати, вкупниот број на дијагностицирани се искачи на 7 329 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега 168 починале, а 5 472 оздравеле. Во моментов има 5 929 лица во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 144 521 лица, од кои 2 397 во последните 24 часа.

Во округот Сплит – Далмација има најмногу заразени лица – дури 75. Следен е Загреб со 44 нови случаи, а зголемување на бројот на заразени лица е забележано и во Истра.


Related Articles