Почитувани граѓани на Република Македонија. Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе. Во театарот, за разлика од животот , мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката, ова денеска преку видео обраќање го истакна актерот Тони Михалјовски кој е член на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во животот тоа не е така. Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти. Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје. Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност. Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати. Да извлечеме поука од минатото. Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале. Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн. Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!, вели Михајловски.
Докторот Синиша Стојаноски пак вели дека прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик.
-Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки. Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување. Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик. Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија. Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик. Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина. Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин. Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје. Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство. Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно. Затоа што секој живот вреди, од сите нас зависи, рече Стојаноски.