Роитерс известува дека бројот на мртви во Италија се зголеми на 4825 лица, а само за еден ден починаа 793. Тоа претставува зголемување на 19,6%, што е највисок процент на дневна основа од почетокот на заразата која во Италија се појави пред еден месец.

Во четвртокот, Италија ја надмина Кина како земја која регистрираше најголем број на мртви од високо инфективниот коронавирус.

Вкупниот број на инфицирани порасна на 53 578 од претходните 47 021 што претставува зголемување за 13,9%, изјави агенцијата за цицилна заштита. Најтешко погодениот регион на Ломбардија останува да биде во критична ситуација со 3 095 мртви и 25 515 инфицирани случаи.