Даниловски: Би ги тестирал 80 илјади во државата, а моите претпоставки одат до 300-400 илјади тестирања

Моите претпоставки врз основа на тоа кој се треба да се тестира одат до 300-400 илјади тестирања. Дури и да ја оставиме апсолутната бројка на страна, сепак треба да се…

Моите претпоставки врз основа на тоа кој се треба да се тестира одат до 300-400 илјади тестирања. Дури и да ја оставиме апсолутната бројка на страна, сепак треба да се скенираат сите патници вратени од странство, тие треба сите да се тестираат. На пример дел од нив се заболеле со корона, дел биле во излоација по што немале симптоми и се враќаат на работа. Знаете дека тие потоа можат да развијат некоја клиничка слика, а некои од нив да се асимптоматски а да се носители на вирусот, рече епидемиологот Драган Даниловски на гостувањето на една од тв куќите.

Според групи тој посочи кој се треба да биде тестиран. Сите патници вратени од странство.

-МВР ги има нивните податоци тоа се отприлика ооколу 25-30 илјади луѓе. Би ги тестирал младите по основ на репрезентативен примерок, значи не сите. Ние имаме околу 80 илјади млади меѓу 7 и 18 години. Идеално би било сите да се тестираат, но добро би било и врз основа на репрезентативен примерок. Потоа сите кои биле во контакт со болните. Здравствените работници мора да се тестираат, нив мора да ги чуваме и штедиме зошто прашање е што не чека. Би ги тестирал 80 илјади во државата, зошто претежно тие што се вратени од странство се работнички слоеви и тие се вратени по фабриките. Може да се асимтоматски, но да го шират вирусот, посочи Даниловски.

Според него клучно е да идентификуваме, детектираме што повеќе лица поврзани на било кој начин или лица кои на било кој начин може да се претпостави дека се носители на корона вирусот.


Related Articles