Во состојба на пандемија од новиот коронавирус кога целиот свет се справува со оваа опасна и лесно заразна болест, во Република Македонија, поточно во главниот град Скопје некој гледа да ја искористи оваа ситуација и при тоа сече дрво кое е сосема здраво и за кое од никого не е наложено да биде отстрането. Како непознатиот сторител успеал да го исече дрвото, постапка за која требаат најмалку два часа, без при тоа да се грижи дали ќе биде забележан среде бел ден или не, е прашање за кое засега надлежните власти немаат одговор. Дали работат камерите на Бит Пазар на раскрсницата за да се види сторителот и да му се врачи соодветната „зелена“ награда и дали градските власти ќе се заложат воопшто за овој случај? Бидејќи што се однесува до градоначалникот Шилегов, ова и не толку голема работа, станува збор за само едно дрво, зар не….Се само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат по социјалните мрежи.
Во текот на вчерашниот ден, најверојатно додека траел полицискиот час, за да не може никој да види, пред деловниот објект Мавровка од непознат сторител е исечено едно здраво дрво. Искастрено бидејќи тој така сметал и одлучил, не дека тоа било наложено или биле запознаени градските власти. – Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение на надлежните градски служби. Градските инспектори за животна средина го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет. – велат од град Скопје.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни порвшини.
Дрвата во главниот град се единствените бели дробови кои дишат наместо нас и ни помагаат во намалувањето на загадувањето од секојдневниот сообраќаен хаос, а да не ги споменуваме околните фабрики и индустриски капацитети кои не само што имаат удел во загадувањето туку се и главните виновници за штетните пм честички со кои градот неуспешно се бори.
Како планира градскиот татко Шилегов, да го направи Скопје зелен град, со сечење на дрва, вакви случаи да останат неказнети, нерасветлени, дали ова спаѓа во плановите на оваа власт и на Шилегов како дел од неа. Да се промовира нешто, како зелен град и потоа воопшто да не се води грижа за реализација на истото.
Ако секој од нас исече барем едно дрво или уништи и најмала зелена површина по своја волја за која смета дека не му е потребна или едноставно не ја гледа нејзината улога во аерозагадувањето тогаш со тоа ја уништува животната средина и директно влијае врз квалитетот на животот на своите сограѓани. Ваквото неодговорно однесување во време на вонредна состојба кога е прогласен и полициски час е сосема неприфатливо и треба да биде казнето затоа што претставува уништување на животната средина и непочитување на одлуките и поигрување со народот. – се само дел од коментарите на кои наидовме по социјалните мрежи од загрижените граѓани, кои беа згрозени од ваквите постапки на поединците.