Мајка била отпуштена од болница со туѓо бебе. Овој несекојдневен настан се случил во породилното одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора.

Прв што забележал нешто необично бил таткото. Тој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата и проблемот бил надминат.

Од КЦЦГ го потврдија случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка, а од Клиничкиот центар најавија дека во иднина при отпустот, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од клиниката – неонатолог и две медицински сестри.