Сите знаеме дека сексот е пријатен, забавен, но и здрав. Сега, знаеме и точно кои болести ги спречува.

Научниците од Универзитетот во Бристол, десет години го проучувале влијанието на сексот на здравјето на луѓето. Резултатите? Ќе ви се допаднат.

Ризикот за смрт е дури за 50% помал за мажите кои барем еднаш во седум дена доживуваат барем два оргазми.

Редовниот секс (барем еднаш во седум дена) го намалува ризикот од мозочен удар, а спречува и развој на кардиоваскуларни болести.

Паровите кои имаат секс барем четири пати во седум дена имаат помлада и поздрава кожа, па изгледаат пет години помлади.

За време на сексот се активира хормонот на растот, кој ги уништува слободните радикали, а добро делува и на тонусот на нашите мускули.

Редовниот секс е најдобар лек против стрес.

Луѓето кои имаат секс барем еднаш во две недели, ретко страдаат несоница.

Сексот ги штити мажите од карцином, така што ејакулацијата го намалува создавањето на канцерогени клетки во простатата.