Снегот никако да си замине- утринава најмногу снег во овој македонски град, минусна температура во Маврово

Највисока снежна покривка од 34 сантиметри утрово е измерена во Крушево. Следат Маврово со 16, 12 Битола, 6 Лазарополе, 5 Тополчани, 4 Ѓуриште. Како што соопшти УХМР, најмногу дожд во…

Највисока снежна покривка од 34 сантиметри утрово е измерена во Крушево. Следат Маврово со 16, 12 Битола, 6 Лазарополе, 5 Тополчани, 4 Ѓуриште.

Како што соопшти УХМР, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Претор (14 л/м2), потоа 12 во Битола, 11 Струмица, 10 Демир Капија, Крушево, 8 Берово, Дебар, 7 Прилеп, Куманово, 5 Скопје, Маврово, Охрид, Штип, 4 Лазарополе, Пожаране, Дојран, 3 Тетово, 2 Ѓуриште и 1 во Крива Паланка.

Најниската температура е регистрирана во Маврово од -1 степени Целзиусови, 0 во Лазарополе и Крушево, 1 Претор, Берово, 2 Битола, Прилеп, 3 Охрид, 4 Крива Паланка, Дебар, 5 Скопје-Петровец, Тетово, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и 7 степени во Дојран.


Related Articles