Во текот на летните месеци косата е можеби најизложена на сите несакани ефекти кои ги упатува до нас силното сонце и неговите високи УВ зраци. Ова најмногу се случува кога се наоѓате на плажа или во вода затоа што тогаш сте директно изложени на силните сончеви зраци и тоа подолг временски период. Токму затоа предлагаме едноставна маска за коса која ќе ја заштити и згусне косата во текот на летото.

За нејзина подготовка потребни се намирници кои сигурно ги имате во вашиот дом, тоа се црвен кромид и мед. Кромидот исчистете го и исцедете го неговиот сок, а потоа додадете лажица мед и промешајте. Нанесете ја оваа смеса на косата и масирајте го темето. Оставете да делува од 15 до 30 минути, а потоа исплакнете.

Освен овој трик, важно е да ја миете косата со шампон без сулфат. Користете шампон кој содржи витамини и билни додатоци. Важно е додека ја миете косата да го масирате темето бидејќи на тој начин поттикнувате покриеност на тој дел од главата. Косата треба да ја миете на три дена, а доколку побрзо ви се масти и треба да ја миете почесто, тогаш користете поблаги шампони, а балсам ставете само на краевите.