Министерството за здравство сега забележа дека во изминатиов период поради лажни ветувања за покачување и неостварување на истите близу 2000 доктори си заминале од земјата.
Филипче вети дека годинава ќе следи зголемување на платите за здравствените работници, како дополнување на зголемувањето на парите кои тие ги добиваат за дежурства.
Многу ветувања беа дадени, ништо или воопшто нема остварено макар едно ветување оваа влада, а со тоа и министерот за здравство, затоа и докторите со резерва гледаат на овие дадени ветувања исто и на тоа што го кажува министерот. Пациентите да не збориме, стравуваат ако се остварат ветувањата кој ќе се врати да ги лечи, ако не се остварат кој ќе остане да ги лечи?
Министерството без оглед на се има во план подобрување на системот на едукација, со обуки од странски експерти од областа на медицината. Ќе биде потпишан договор со Универзитетската болница во Франкфурт, а се подготвува и договор за соработка со Министерството за здравство на Република Бугарија.
Министерот како и да сврти секојпат соработката за нашата земја, влечењето на искуствата и помош во експерти посекако влече од Бугарија, некако како да со тоа ја продолжува раката на делување на владата, па освен историјата бугарските „експерти“ да не се дојдени или да не се повикуваат со цел да прекројат и нешто друго, како на пример здравствениот систем? Министерот го посочи следното:
„Сите мерки што ги планираме се во насока докторите да останат и да работат во нашиот здравствен систем. Прво се зголемија парите кои ги добиваат за дежурства. Има сериозно зголемување на процентот на пари вкупно кои докторите, но и мединските сестри ги земаат на крајот на месецот. Ова е без зголемувањето на платите кое ќе биде во септември. Значи, ќе има уште едно зголемување на сумата која ќе ја земаат здравствените работници во сите јавни здравствени установи“ кажа Венко Филипче, министер за здравство.
Овие мерки на Министерството за здравство се во насока на тоа докторите и медицинските сестри да останат и да работат во македонскиот здравствен систем.
Мерките доцнат едно 2000 доктори и којзнае колку медицински персонал, но и да биле порано дадени овие ветувања, знаејќи колку држи и стои на ветувањата Зоран Заев, ако тоа се преслика и на МЗ, а нема зошто да не се преслика кога истото е Зоран, Венко, во тој случај и да биле дадени ветувањата претходно докторите пак ќе си заминеле.
Фалбачиството инаку на Министерот во однос на медицинскиот персонал и невиденото покачување на платата од 100-тиа денари во дежурство не треба да го гледа како победоносна битка над голготата и не е нешто монументално со што треба којзнае колку да се гордее туку да се труди да обезбеди многу повеќе доколку сака докторите да ни останат, а ние како пациенти да имаме кај кого да се обратиме, -посочија неколку пациенти од клиничкиот центар кои нашата екипа за здравство.мк ги сретна.