ОВЕН

Поволен ден за остварување на вашите амбииции. Може да очекувате дека судбината ќе биде на ваша страна. Ако сте слободни, ново познанство наскоро ви се подготвува. Задоволни сте од себе и ве очекува љубов. Солидно здравје.

БИК

Доколку сте планирале почеток на нова соработка, момже да постигнете некој договор на темата сега. Можно е вашиот однос со партнерот да е во мала криза, и да не се сложувате најдобро. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате напнатост во комуникацијата со работното опкружување кое не ве поддржува. Ако ви се допаѓа личност која е оддалечена од вас, може да имате проблеми со љубомората. Водете сметка околу грлото.

РАК

Максимално сте посветени на својата работа, имате некои планови од кои нема да се откажете. Сакате сигурност покрај партнерот. Подготвени сте за сериозна врска која може да трае на долги патеки. Зголемен апетит.

ЛАВ

Сметате дека околностите на вашето работно поле не се сјајни и морате да направите нешто за да ги промените. Се занимавате со своите емоции, работите на себе и моментално не се чувствувате подготвени за нова врска. Бидете умерени со храната.

ДЕВИЦА

Во текот на денешниот ден ве очекува период кој би можел да ви донесе промени. Водете сметка околу односот со личноста која ви се допаѓа. Од вас зависи понатамошниот тек на случувањата. Работете на подобра кондиција.

ВАГА

Размислувате за промени кога е во прашање работата. Подготвени сте да се активирате околу премин на друго работно место. Подготвени сте да се посветите на својот партнер. Важно ви е во вашиот брак да владее хармонија. Можна настинка.

ШКОРПИЈА

Можно е да сте успеале да дојдете до нови позиции кои ќе ви обезбедат подобар статус на работното место. Љубоморни сте, па во односот со саканата личност може да имате доста проблеми. Проблеми со несоница.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате период во кој ќе имате компликации. За работа ви треба доста трпение. Време е да се соочите со проблемите во односот со саканата личност ако сакате да го сочувате бракот. Психички сте напнати.

ЈАРЕЦ

Имате добри идеји кои на работното поле би можело да ви донесат поголем напредок. Многу сте харизматични и не ви е тешко да остварите нови љубовни познанства. Полни сте со позитивна енергија.

ВОДОЛИЈА

Тежите кон тоа да напредувате на работното поле. Важно е да бидете свесни за својата одговорност. Саканата личност ќе ви покаже колку и значите. Очекувајте поволен период. Не се чувствувате добро.

РИБИ

На површина излегуваат проблеми кои на некој начин во минатото сте ги криеле кога е во прашање вашата работа. Саканата личност ви е посветена. Може да очекувате добар период за вашата врска. Водете сметка околу хормоните.