Повеќе од 700 луѓе починаа во Иран од труење со метанол, за што погрешно мислеле дека лекува од Ковид-19, соопшти иранското Министерство за здравство.

Советникот во Министерството, Хосеин Хасаниан изјави дека бројот на починати од труење со метанол е поголем, бидејќи дел од жртвите починале во своите домови, а не во болница.

– Околу 200 луѓе починаа надвор од болниците, посочи Хасаниан.

Според иранското Министерство за здравство во периодот од 20 февруари до 7 април починале 728 луѓе од труење со алкохол, додека нивниот број минатата година изнесувал – 66.