Ако не носите хируршки маски за време на пандемија на корона вирус, имајте на ум кои материјали се покажале како најдобри во одбрана од вирусот.
Можете да купите заштитни маски во аптека – или за еднократна употреба или повеќекратна употреба, а можете сами да ги направите дома. Ако го изберете втората варијанта, треба да размислите каков материјал да користите.
Компанијата Smart Air спроведе истражување за ова, и во таа прилика тестираше повеќе од 30 различни материјали – вклучително и корпи за брусхалтери, перници, памучни маици, волна, постелнина … Целта беше да се утврди кој од овие материјали најдобро штити од микрочестички, а притоа дозволува проток на воздух, за да можете да дишете нормално под маската.
Овие фактори се многу важни затоа што некои материјали добро филтрираат, но ви го отежнуваат дишењето, што и не е многу корисно.
Елем, земајќи ги в предвид двата фактори, стручните лица утврдиле дека џинсот е најдобриот материјал за маски, потоа следи постелнина, крпи, платно.
Она што треба да го имате на ум е дека маските од папирнати салветки не можат да се перат и користат повторно, туку се само за еднократна употреба.
Исто така, се потврдило дека платно со дебелина од 0,4 до 0,5 милиметри обезбедува подобар проток на воздух од хируршката маска, а истовремено обезбедува прилично добра филтрација.
Ако немате при рака подебело платно, може да се користи обична памучна маица.
Општо, се потенцира дека природните материјали се подобри од синтетичките, бидејќи тие се генерално мазни, така што тие не ги филтрираат честичките како што тоа можат грубите текстури и природните влакна.
Извор: https://kukuriku.com.mk/