Читањето на пораките од поранешниот партнер понекогаш изгледа како повторно да ја читате омилената книга. Така, многумина наоѓаат утеха и предизвикуваат сеќавања на убавите денови што ги поминале во врската.
Во некои хороскопски знаци навиката е толку изразена што постојано ги враќа назад во минатото, спречувајќи ги да откријат нова љубов.
Тешко е да се каже дали би било попаметно да ги избришете пораките и фотографиите од поранешниот партнер. Без разлика дали истите се токсични или полни со нежност, на ниту еден начин нема да ви помогнат да го преболите побрзо раскинувањето.
„Кризниот период честопати е исполнет со тага и читањето на стари пораки нè спречува да ја надминеме поранешната љубов“, вели љубовниот терапевт Черлин Чонг.
Овие 3 хороскопски знаци се соочуваат со овој проблем.
1. Риби
Да им се каже да заборават на својот поранешен партнер е сосема бесмислено. Овој воден знак е склон на мечтаење. Ништо не му помага да избега од реалноста, како читањето стари пораки. Возбудливите спомени ги враќаат во периодот кога биле полни со самодоверба. Рибите ќе сторат сé за да се присетат на нивната поранешна среќа и љубов, а бришењето на старите пораки е последната фаза пред целосно да се опорават.
2. Рак
Ракот е носталгичен знак што бега во минатото почесто од Рибите. Наместо навистина да ја разгледаат ситуацијата и да направат нешто за свое опоравување, тие претпочитаат да фантазираат за нова средба со поранешен партнер и да поминат низ настани од минатото. Дури и кога врската не завршила по вина на Ракот, тој заборава на незгодните моменти, бидејќи мисли само на позитивните работи. Тоа е доблест што не помага во таков тежок период. Тие повеќе би сакале да уживаат во заводливите зборови на нивната поранешна љубов отколку да си признаат самите себеси дека раскинувањето било најдобрата опција.
3. Девица
Најчесто, ова се луѓе кои стојат цврсто на земја и се водат според принципите на логиката. Затоа е големо изненадување што тие се во група на знаци кои се измачуваат со носталгијата. Ова се луѓе кои се строги со себе. Тие сакаат да ја откријат клучната точка кога работите тргнале надолу. Тие се одлични перфекционисти и не сакаат да ги повторуваат грешките. Раскинувањето го сфаќаат како неуспех и се обидуваат да ги пронајдат сите можни докази што ќе го намалат чувството на вина.
Читањето на стари љубовни пораки не е корисна навика, но секој човек барем еднаш сака да се врати во минатото. Ако сте сигурни дека не постои апсолутно никаква љубов помеѓу вас, најдобро е да ги избришете пораките. Минатото нема да помогне да откриете нешто ново.