– Несоодветниот и неадекватниот пристап на владата во борбата против коронавирусот не доведе до ситуација да имаме најголем морталитетот во регионот, поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Иако процентите на заразени се слични во сите земји во регионот, процентот на смртност во Македонија е неколкукратно поголем од другите земји. Тоа може да биде основен индикатор дека се крие вистината за вистинската бројка на заразени. Наместо тоа да биде показател да се тестираат што повеќе и бројот на тестирања да се зголеми, ние гледаме дека бројот на тестови и тестирања се намалува, посочи Др.Николов.
-Процентот, односно морталитетот во Македонија е највисок во регионот бидејќи вистинската бројка на заразени е неколкукратно повисока од бројката на официјално заболени. За да се одржи бројот на заразени на ниско ниво, не се правата тестови. ВМРО-ДПМНЕ алармираше да се изврши масовен скрининг и тоа е единствениот начин за добивање на вистинска и сериозна слика со што се бориме, и до каде сме против епидемијата. Тоа е единствениот начин и најмеродавен начин во кој што може да се донесат соодветни одлуки и соодветна страгтегија за борба против заболувањето. Владата со нетестирањето не само што го доведува во заблуда населението, туку го доведува во заблуда и здравството, здравствените работници и здравствениот систем, објасни Др. Игор Николов.
-Целата лажна слика која се создава е во насока да се прикаже дека ситуацијата е делумно под контрола и дека може да се оди на некакви брзи избори, со што Заев би си го намалил неминовниот пораз. Баравме зголемување на бројот на тестови, само така ќе знаеме на што сме и како ќе треба да се дејствува и кои мерки треба да се превземат. Така ќе знаеме дали и кога ќе можеме да одиме на избори. Не смееме како политичари да приредиме масовно заразување на граѓаните со овие политички активности. ВМРО-ДПМНЕ иако убедливо ќе победи на изборите кога и тие да се случат, не сака избори кои би биле причина за загрозување на здравјето на граѓаните. Здравјето е пред се.