ОФИЦИЈАЛНО: По 66 дена, од утре се укинува полицискиот час

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше премиерот Оливер Спасовски. Полицискиот час кој, во најголемиот дел од изминатите два месеци, траеше од…

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше премиерот Оливер Спасовски.

Полицискиот час кој, во најголемиот дел од изминатите два месеци, траеше од 19 до 5 часот, престанува да важи од среда 27 мај, одлучи владата на препорака на Комисијата за заразни болести. Полицискиот час беше воведен на 22 март годинава и тогаш, техничкиот премиер Оливер Спасовски порача дека „се работи за опстанокот на граѓаните, на економскиот систем и на државата“.

Речиси два месеци или 66 дена подоцна, Спасовски вечерва рече дека состојбата со епидемијата е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

Од четврток започнуваат со работа угостителските објекти, односно со прецизно утврдени протоколи, истакна Спасовски.

Од 1 јуни, пак, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките.

Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација.

Објасни дека овие одлуки на владата се базирани врз основа на исполнети услови и анализи.

 


Related Articles