Владата се задолжи за нови 160 милиони евра

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на…

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.

Со оваа одлука на Владата, државата се задолжи за нови 160милиони евра.

Пред неколку дена Македонија издаде еврообврзница во вредност од 700 милиони евра, но државата редовно се задолжуваше и на домашниот пазар при што само во последните 20 дена беа повлечени 114 милиони евра.

На штетната политика на задолжувања и зголемување на јавниот долг предупредува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој посочи дека Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат.

-Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година, изјави пред неколку дена на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски.


Related Articles