Неколку неверојатни причини зошто постојано чувствувате дефицит на енергија!!!

Глобализацијата на светот, рапидниот пораст на обврските, темпото на живот, знаат да бидат значителни фактори кои што влијаат на тоа како се чувствувате. Чувството на умор понатаму го отвара синџирот…

Глобализацијата на светот, рапидниот пораст на обврските, темпото на живот, знаат да бидат значителни фактори кои што влијаат на тоа како се чувствувате. Чувството на умор понатаму го отвара синџирот на проблеми меѓу кои се категоризираат импотентноста, фригидноста, демотивираноста, депресијата, непродуктивноста и слично. Честото миење на рацете, редовниот сон, избегнувањето на презаситени масти може да ви помогнат да го надминете овој проблем.

За сите читатели на здравство.мк издвојуваме по неколку совети за како да го избегнувате трошењето на енергија и да го започнете денот насмеани и полни со живот. Внимавајте и направете!

1. Недостаток на сон

За време на спиењето се активира хормонот за раст. Овој хормон, протеин направен од страна на хипофизата, игра улога во изградбата на мускулите да бидат здрави, а коските силни. Тоа влијае на тоа како нашите тела собираат масти (особено околу желудникот) и помага да се балансира односот на добар со лош холестерол. Исто така спиењето е неопходно за нормална функција на мозокот.

2. Консумирање на нездрава храна

Голем процент од луѓето верува дека шеќерот влијае за зголемување на чувството на енергија, но на долг рок се случува токму спротивното.

3. Дефицит на вода во организмот

Пијте колку што е потребно вода за да ја задржите устата влажна во текот на денот. Запомнете, вашата урина треба да има светло жолта боја, доколку нејзината боја е темно жолта или пресветла сѐ што треба да направите, е да пиете повеќе вода.

4. Недостаток на витамин Б

На вашето тело му е потребен витаминот Б за вашите митохондрии да ја претворат гликозата во енергија. Витаминот Б може да се апсорбира и преку апчиња, но поголемиот дел од луѓето не го внесуваат овој витамин преку исхраната. Ако имате симптоми со ниска енергија веднаш проверете ги нивоата на витамин Б12 и Д. За да чувствувате определена здравствена сигурност проверувајте го нивното ниво во вашето тело, барем еднаш годишно.

5. Инфекција

Една од вашите цели може да биде да го следите вашето тело, па инфекциите нема да се задржуваат. Користете антибиотици за лекување на простатитис, вагинитис и цревни инфекции.

6. Потребна е физичка активност

Кога ќе се движите, азотен оксид се ослободува од артериските облоги за да се овозможи крвта слободно да се движи низ вашите садови. Ова помага да добиете повеќе хранливи материи во вашите клетки.

7. Лоша хормонска регулација

Што се однесува до надбубрежните хормони, применете го овој мал тест: Кога сте гладни, дали брзо се префрлате на чувство на нервоза и лакомост, дека ако не јадете, ќе извршите кривично дело? Ова е знак дека вашите надбубрежни жлезди не функционираат најдобро.


Related Articles