Имате забен камен, но поради некоја причина немате можност да го исчистите кај стоматолог? Овде народната медицина доаѓа на помош и може да го реши проблемот. Забниот камен всушност претставува акумулација се честички храна, мртви клетки и органски материи на забите во устата.

Тој е најсилно изразен во долниот дел на секачите и за да го отстраните користете ја силата на билките. Периодичното отстранување на забниот камен е пожелно, бидејќи кога тој ќе се насобере во големи количини влијае на непцата негативно и тие се воспалени.

Потоа следува парадонтоза, која се лекува доста потешко. Земете навремени мерки и отстранете го забниот камен, бидејќи само така ќе избегнете болест која треба да ја лекувате.

Можете да го отстраните лесно и тоа во домашни услови со комбинација од билки од кои ќе си приготвите ефикасна лушпа.

Користете ги следниве рецепти со билки, за да го отстраните забниот камен:

Пршлика (Коњско опавче) – тоа е една многу лековита билка која се справува со забниот камен и успешно се справува со неговото отстранување. Земете 30 грама од билката пршлика и варете во 300 милилитри вода. Времето за готвење на напивка е околу 20 минути. Пијте од неа 2 пати на ден, во текот на 20 дена.

Кора од црпка – во 100 милилитри зовриена вода оставете 15 минути 30 грама кора од црпка. Напивката која се добие искористите ја за миење на забите со помош на вашата четка за заби и мијте енергично 5 минути. За да се справите со отстранување на настанатите забен камен со овој рецепт треба да ја применувате 3 пати на ден.

Јаболков оцет – оваа напивка се користи за лекување на доста болести, но силата, која ја поседува успешно го отстранува забниот камен, кој се има насобрано. Оваа постапка се врши само еднаш на 7 дена, бидејќи неговото дејство е силно.