Магазинот Форбс ја претстави листата на 100 најплатени познати личности, а на прво место се наоѓа моделот Кајли Џенер.

Кајли заработи 590 милиони долари и се најде на врвот на оваа листа.

Покрај Кајли, на оваа листа се најдоа и многу други лица кои во периодот меѓу јуни 2019 и мај 2020 година заработиле огромен износ пари, покрај даноците и другите одбитоци.

На второто место, зад Џенер, се наоѓа популарниот рапер Канје Вест, кој во овој период остварил заработка од 170 милиони долари.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со заработка од 106,3 милиони долари е на третото место.

Кристијано Роналдо е петти со заработени 105 милиони долати, а зад него е Лионел Меси со заработка од само еден милион помалку.

Актерот Тајлер Перис е на 6-то место со заработени 97 милиони долари, а заработкаѕа од 95.5 милиони долари го носи Нејмар на седмото место најплатени познати личности.

Заработката од 90 милиони долари го носи тв и радио водителот Хауард Стерн на осмото место. Леброн Џејмс со заработка од 88.2 милиони долари е деветти.

Актерот Двејн Џонсон кој во наведениот период заработил 87.5 милиони долари е 10-ти на листата на Форбс.