Според податоците на Институтот за јавно здравје, во периодот од 12 до 20 јуни, регистрирани се нови 1 406 заболени лица од коронавирусот во сите возрасни групи. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје и тоа 819 случаи и од Тетово 199 случаи.
Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 340 позитивни.
Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 години, поточно 273 случаи, кај лицата од 50-59 години со 261 случаи и од 40-49 години – 229 случаи.
Најмал број на новозаразени во периодот од 8 дена е регистран кај децата од 0-9 годишна возраст, каде се забележани 53 случаи и од 10-19 години, каде има 58 новозаболени.
Пријавени се 65 смртни случаи од 10 градови. Најголем дел од случаите, односно 53 лица биле на возраст над 60 години. Од починатите, 62 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 58 починати лица.