Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 75, Куманово 9, Дебар 6, Штип 8, Прилеп 6, Тетово 9, Струга 14, Велес 3, Охрид 10, Кавадарци 3, Гостивар 7, Гевгелија 2, Струмица 1, Крушево 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 3 и Ресен 3.
Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти во: Скопје 105, Куманово 1, Штип 7, Тетово 12, Струга 10, Велес 1, Охрид 4, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 5, Пробиштип 1 и Неготино 2.
Досега во земјата се направени вкупно 63
383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.