СЗО заедно со УНИЦЕФ оваа година во одбележувањето на светската седмица на доењето, работат под мотото „Да го поддржиме доењето за поздрава планета“. Тие ги повикуваат сите влади во светот да го заштитат и промовираат пристапот на жените кон стручно советување за правилно доење.
Доењето му овозможува на секое дете најдобар можен почеток на животот. Тоа обезбедува здравје, храна, но и емоционална поддршка и за бебето и за мајката. Иако доењето е природен процес, не секогаш е лесно. На мајките им е потребна поддршка, што значи дека стручните совети заедно со потребните информации се вистинскиот начин за тоа.
Подобрувањето на пристапот кон стручните советувалишта за доење може да го продолжи процесот на доење од кој бенефит имаат бебињата, фамилиите и економијата. Анализите покажуваат дека зголеменото ексклузивно доење секоја година спасува 820 000 бебиња и принос од 302 милијарди долари во американската економија.
Оваа година пораката која СЗО и Уницеф ја упатуваат до сите во светот е дека заедно со посветеност и соработка можеме на секоја мајка да и обезбедиме пристап кон обучени стручни советувалишта, било тоа да се организации или индивидуалци од здравствениот сектор, за да секое бебе го има најдобриот можен почеток на животот.