Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Куманово-26, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-3, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-15, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Демир Хисар-7, Берово-1, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2 и Неготино-1.
Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти на територијата на целата држава. Досега се направени вкупно 127 196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот. Во ГОБ „8 Септември” примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.