Министерството за здравство во последната година дена, откако се смени власта во државата го поврзуваат само со скандали до скандали, ужаси, непочитување на пациентите, па се до лечење со лекови со поминат рок, што уште нема да се изнагледаме и изначуеме додека го имаме министерот Филипче како лидер на ова министерство.

Генерално сега и е јасно зошто на сите повици од нашата редакција за изјави, сме одбиени односно не сме ниту удостоени со одговор, министерот се криел, си игра жмурка со целата македонска јавност и со сите пациенти во републиката, бидејќи со ова само посочува дека тој на оваа функција е наменски да одработи одредена задача и да изврши одредени партиски активности, грижата за пациентите воопшто не е негов приоритет. До кога вака министре, се прашуваат пациентите кој секојдневно поминуваат низ клиниките ширум републикава и главниот град.

Меѓу низата на наталожени скандали на сегашниот министер се и вакцините за деца, заканите и казните за родителите, набавка на лекови и сомнежи за фаворизирање на една компанија, блиска до министерката Радмила Шеќеринска и тн.

Здравството е во хаос, а тоа го покажува и фактот дека во струмичката болница во одделот за интервентна хирургија се користат средства за оперирање со поминат рок. Некои од материјалите имаат поминат рок повеќе од три години. Освен материјали за интервенциите, на пациентите им се делат и лекови со поминат рок од неколку години.

Министре, министре, спиеш ли мирно навечер?