Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13 673 лица. Бројката на оздравени пациенти е 10 150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995. Најмногу активни случаи се регистрирани во Скопје-876, Куманово-340, Гостивар-312, Штип-258, Тетово-172, Струга-140, Кавадарци-101 и Кичево-100.
Во текот на изминатото деноноќие министерството за здравство информираше за 78 нови заболени од Ковид-19, а беа направени 860 тестирања. Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Во однос на бројот на активни случаи во главниот град, по завршените епидемиолошки анкети денешната прераспределба изгледа вака:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 109
• Аеродром – 105
• Карпош – 93
• Центар – 85
• Кисела Вода – 93
• Ѓорче Петров – 67
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 39
• Студеничани – 18
• Сарај – 21
• Арачиново – 18
• Илинден – 13
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2