Министерувањето на Филипче бележи уште еден смртен случај на здравствен работник, 117 починати и 3 166 новозаболени само за неполн месец, 722 починати и 2245 активни случаи на коронавирус, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквото потценување на граѓаните небаре самите сакаат да се заразат од коронавирус, Филипче покажува дека стратегија на Владата во борба против пандемијата е всушност ширење на вирусот, велат од партијата.
-Министерот за ширење зараза продолжува секојдневно со различни изјави, сега тој „се надевал“ дека немало да се оди во карантин, додека здравјето и животот на луѓето се во голем ризик. Филипче треба да разбере дека новите заболувања, вирусот, кои секојдневно одат во нагорна линија се граѓани кои се живи, на кои наместо да им помогне да си го зачуваат здравјето, ги брка од болниците затоа што биле сериозни случаи на КОВИД-19. Со бројот на заразени расте и одговорноста која министерот мора да ја преземе, бидејќи не е кадарен да се справува со пандемијата од нејзиниот почеток до денес. Во непризнавање на сопствената одговорност и неуспех во менаџирање со здравствената криза, министерот удира повторно по граѓаните за кои вели дека се сами виновни за бројките кои растат. Со ваквото потценување на граѓаните небаре самите сакаат да се заразат од коронавирус, Филипче покажува дека стратегија на Владата во борба против пандемијата е всушност ширење на вирусот. Бројките се фатални, за неполн месец од почетокот на септември до вчера, се заразиле 3,166 граѓани, а 117 граѓани починале. Животот на граѓаните е во рацете на еден министер кој освен жалење и трупање на вината на граѓаните, повеќе од шест месеци не знае како да се справи со болното здравство и жртвите кои се зголемуваат секојдневно, истакнуваат од опозицијата.
17 483-те заболени од почетокот на пандемијата и 722 смртни случаи не се аларм за есента која доаѓа, туку аларм за едно заболено здравство и министерување за ширење зараза, додаваат од опозициската партија.