Лимонот секогаш кога ќ се спомене е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде и ефикасен во други цели какона пример: да ви помогне да ги отстраните дамките од забите, да ви се омекне кожата или да го зголемите сјајот на вашата коса.
Ова овошје типично се користи во зимските месеци кога совладуваат настинките и грипот, најчесто во комбинација со чај. Лимонот има изобилство на витамин Ц, и помага во зголемување на отпорноста на организмот, поради тоа и најчесто се препорачува да се конзумира во свежа состојба.
Други начини на кои може да се искористи ова прекрасно овошје се следните:
1. За отстранување на евентуални дамки на забите, доколку ви се појави такво нешто, кората од лимонот е лек за тоа. Со кората од лимонот ги протривате забите и потоа устата ја плакнете со вода. Може да се користи и рецепт на микс помеѓу лимонов сок и сода бикарбона, која исто така има дејство и помага при избелување на забите.
2. Во водата кога се капете по дома во вашата каде ставете сок од лимон, тој ќе направи вашето тело да стане помеко, додека ако триете лимонова кора на погрубите делови од вашата кожа како што се лактите, тие ќе станат помеки и попријатни. Со додавање на лимонов сок во водата при измивање или плакнење на косата, вашата коса ќе стане посјајна.