Бесплатниот паркинг кои им беше обезбеден на пациентите со бубрежни болести од страна на невладината организација НЕФРОН е укинат. Имено, овие пациенти кои треба да одат на дијализа и по неколку денови во неделата се принудени да плаќаат по околу 150 денари дневно само за паркинг место во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Дијализата одзема по четири односно пет часа, што значи дека ако тие одат три пати неделно во болница, месечно би им дошло да плаќаат по скоро 3000 денари. При влез во клиничкиот комплекс, овие пациенти се принудени да земат нови картички со кои ќе мора да платат паркинг место за нивниот неколку часовен престој.
Ваквата ситуација повторно ги вжешти социјалните мрежи каде засегнатите лица реагираат и се незадоволни од настаната промена.
Во текот на вчерашниот ден, пак Министерот за здравство Венко Филипче, при одбележување на денот на органодарителството посочи дека е проширена програмата за трансплантација во целата земја.