Пандемијата со новиот коронавирусот е во својот полн ек. Есенскиот бран, како што го нарекуваат голем број од лекарите го зема својот дел од жртви и со неверојатна брзина ги полни капацитетите на болниците. Она кое што обичниот човек може да го направи за да се заштити е да носи маска која според истражувачите обезбедува доволна заштита од пренесувањето на капките на вирусот.
Но според најновото истражување од страна на јапонските научници, маските заштитуваат од честичките на вирусот, но не можат целосно да го елиминираат ризикот од зараза.
Истражувањето е сроведено во Универзитетот во Токио за чии потреби била изградена безбедносна комора со кукли кои биле поставени една кон друга. Едните биле опремени со распрскувач на честички од коронавирусот, а другите имитира природно дишење со комора за собирање вируси кои минуваат низ дишните патишта.
Резултатите покажале дека памучната маска го намалува ризикот од примање на вирусот до 40 проценти во однос на ситуација кога воопшто нема маски. Медицинската маска N95 ги запира честичките од вирусот до 90 проценти, но дури и кога е припиена за лицето во целост некои честички од вирусот сепак успеваат да се вовлечат.
Сепак секогаш е подобро да се носи маска отколку да изостави, особено кога станува збор за места каде има собир на луѓе, како супермаркетите, банките и сл.