Тажен ден за Кавадарци: Почина и 21 годишниот брат на момчето кое пред два дена ја загуби битката со Ковид-19 на само 26 години

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве на Инфективната клиника ја загуби битката со Ковид-19. Градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил објави дека ова е тажен ден за Кавадарци….

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве на Инфективната клиника ја загуби битката со Ковид-19. Градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил објави дека ова е тажен ден за Кавадарци.

– За жал, денеска изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме едното момче на 26-годишна возраст, денеска почина и неговиот брат на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството во овие моменти. Заедно со Советот на Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови, напиша Јанчев.

Инаку пред два дена почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.

-Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба, велат од Министерство за здравство.


Related Articles