Во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.

Пријавени се 8 починати лица: 3 починати лица од Гостивар (54г,69 и 78г), по 2 лица од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.480 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-1, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–101, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Авицена-86, Биотек-94, Систина-94, лабораторија Лаор-0, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа – 0, Никоб лаб-796, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.997.

Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.