Ученик од трето одделение во Неготино е позитивен на Ковид-19

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци, денеска ја потврди информацијата дека ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирус. Поради тоа, во…

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци, денеска ја потврди информацијата дека ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирус. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 нови случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, 3 во Росоман и 17 во Неготино.

– Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат, посочи доктор Јовановски.


Related Articles