Начинот на исхрана и физиолошкиот часовник се чини дека е најтешко да се синхронизираат. Многу процеси во организмот кои имаат физиолошка и нутритивна активност се одвиваат во циклуси. Па затоа и тврдењата дека не треба да јадеме по 19 часот или дека наутро на гладно треба прво да испиеме чаша топла вода со лимон не треба да ги земаме здраво за готово.

Циклусот на Сонцето влијае на голем дел од процесите што се одвиваат во телото вклучувајќи ја и дигестијата на храната. Неодамнешните истражувања покажале дека времето на земање на оброците може да има значајна улога во регулирањето на телесната тежина. Во едно такво истражување спроведено на лица кои биле на диета се покажало дека оние кои го зеле својот главен оброк пред 15 часот имале поголемо губење на телесната тежина од оние кој истиот го консумирале по 15 часот.

Еве неколку совети како да се ускладите со својот биолошки часовник:

– Денот започнете го со здрав и целосен појадок

– Јадете редовно, најдете распоред кој ви одговара и максимално придржувајте се до него

– Јадете три главни оброци и по потреба еден или два меѓуоброци

– Ако е можно однапред планирајте ги своите дневни оброци и избегнувајте прескокнување на главните оброци

– Оброците нека бидат балансирани и настојувајте да не го зголемувате енергетскиот внес во текот на денот