Витаминот Д помага во намалување на заразата со коронавирус, посочија најновите научни податоци. Седумдесет и три доктори специјалисти и шест медицински здруженија порачаа „да му се даде како додаток на целото француско население витамин Д“ на превентивен начин.

– Се поголем број научни студии покажуваат дека додатоците на витамин Д (но не како замена на вакцинацијата) можат да помогнат при намалување на инфекцијата со Сарс-КоВ-2, како и ризикот од тешки форми на Ковид-19, реанимација и смрт, велат потписниците, меѓу кои и универзитетски професори од различни медицински специјалности, како и француските друштва за ендокринологија, педијатрија и геријатрија и геронтологија. Исто така, тие „повикуваат на француското население целосно да му се даде како додаток витамин Д (а не само на постари лица или лица изложени на ризик од тешка форма на Ковид-19)“, „пред инфекција со Сарс-КоВ-2“, ова само преку „рецепт од матичен доктор“.

Според последните податоци, меѓу 40 и 50 отсто од француската популација има недостаток на витамин Д, па дури и повеќе кај луѓето изложени на ризик од тешки форми на Ковид-19. И „во случај на докажана инфекција“, тие препорачуваат „додаток на високи дози на витамин Д“ штом се постави дијагнозата на Ковид-19, за „да се добие задоволителен статус на витамин Д колку е можно побрзо“.

Витаминот Д е хормон што може да се најде во храната, но кој главно се синтетизира во организмот под дејство на сончева светлина. Неговото природно производство „речиси го нема на француската територија“ во текот на зимскиот период.

Основната улога на витаминот Д во организмот е одржување на мускулната сила, ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува здравјето на срцето, обезбедува здрави и јаки коски, овозможува нормална функција на имунолошкиот систем, а многубројни светски истражувања го поврзуваат недостатокот на витамот Д со автоимуните заболувања.