Државите бројат колку од населението е вакцинирано, светските лидери објавуваат стратегии за употреба на вакцините и најавуваат излез од пандемијата, а граѓаните започнуваат да го враќаат својот живот во нормала. Но, ова се случува секаде во светот освен кај нас, вели Марија Митева.
-Ние сме заглавени во секојдневните лаги од властите, кај нас здравјето на граѓаните не е приоритет. Најавените донации од нашите соседни држави ги нема, а нема ни систем истите да се регистрираат.
Филипче продолжува да се фокусира само на својата ПР стратегија, кој ја гради на невистини. Вели дека Националниот план детално е разработен според препораките на експертите и карактеристиките на нашиот систем, при што се предвидени три фази за вакцинација. Замислете, ни промовираат некаков план за вакцинација, а вакцини нема, потенцира таа и додава:
„Во таа Европа во која вие тешко може да стигнете поради низа работи, има обврски кои никако не можете да ги исполните. КОВИД-19 покажа дека онаму каде што не постои политичка волја, не постои начин за справување со кризата. Но, нема да престанеме да ве повикуваме на одговорност!“.