Александар Николоски, потпреседателот на ВМРО – ДПМНЕ, истакна дека владата на СДСМ освен тоа што е фокусирана околу решавање на спорот со името, на ниту едно друго поле и ниту еден друг министер не работи апсолутно ништо.
Според Николоски, министрите Филипче, Цароска, Дескоска, Спасовски или пак директорот на РЕК Битола треба да ги решаваат клучните работи кои се од живтно значење за луѓето и да ги спроведуваат реформите кои ги ветуваа за време на изборите.
– Она што за мене е најзагрижувачки е што оваа влада, објективно ако се погледне со исклучок на силен ангажман во делот во спорот со името, каде што ќе видиме какво решение ќе донесе. Како што стојат сега работиве нема да е многу добро и поволно за македонскиот народ ниту за Република Македонија како држава, но освен тоа прашање, никој друг ништо не работи. Образложението од владата дека се фокусирани на овој сектор, јас не гледам што има со преговорите со името, министерот за здравство, Филипче, министерката за труд и социјала, Цароска или досегашната министерка за образование, Дескоска кои што треба да ги решаваат клучните работи кои што се од животно значење за луѓето и што има министерот за внатрешни работи со преговорите за името за да не се посвети на решавање на криминалот и корупцијата. Што има директорот на РЕК Битола во решавање на проблемот со името па малку повеќе таму да се посвети потранспарентно на јавни набавки, а не Вице Заев да ги добива сите јави набавки во РЕК Битола посочи Николоски.
Тој рече дека владата на СДСМ е неспособна и нема концепт за работа.
-Ова покажува колку владата само си бара изговори. Од една страна имаме неспособна Влада, влада која што нема концепт ниту има луѓе кои што се работници. Јавна тајна е во Скопје дека министрите работат од 10 до 2 а директорите од 12 до 2. Пред и после или се по кафеани или по фитнес центри или се прават бизнис зделки. Со таква работа нема успех констатираше Николоски.
Откако им се посочи а и ваква е состојбата претходно наведените министри и министерства, сеуште заспани, седат на уши, чекаат нова зделка и повод за лично богатење. Ако тоа е влада, министерства и министри, тогаш незнам што е илузија, посочија граѓаните загрижени за својата иднина и подобро утре кои им беа ветени во предизборието.