Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 7, Кавадарци 7, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.