Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како„лек против сите болести”. Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina).
Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло. Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум.
Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките. Еве неколку лековити својства на ајдучката трева:
– поволно влијае на органите за варење
– делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца
– го запира крвавењето од белите дробови
– има благо седативно дејство
– делува како антисептик и аналгетик – помага при болести као гихт, ангина пекторис, дијабет, ревматизам, зголемен крвен притисок
– ја прочистува крвта и органите за варење
– помага кај болести на црниот дроб и жолчката
– чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците
– калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и крвотокот