Италија, Франција и Германија најавуваат нови олабавувања на мерките поврзани со коронавирусот. Од 9 јуни во Франција ќе бидат на сила поблаги мерки, а најзначајна промена е поместувањето на почетокот на полицискиот час. Во моментов, полицискиот час е од 21 до 6 часот наутро, а од 9 јуни ќе започне два часа подоцна – од 23 часот.
Во Германија исто така мерките се укинуваат низ целата земја. Градините и терасите на рестораните, музеи, како и отворените базени можат повторно да работат и да се организираат концерти на отворено. Во некои региони, од 2 јуни се дозволува служење гости и во затворените делови на рестораните, онаму каде што стапката на инфекции е под 50 на 100 000 жители.
Од 1 јуни започнаа со работа и италијанските ресторани. Услугата со храна е повторно дозволена. На спортските стадиони е дозволено присуство на гледачи до 25 проценти од капацитетот. Полицискиот час од 7 јуни ќе биде одложен за еден час, односно, наместо во 23:00 часот, што е случај сега, тој ќе почнува на полноќ и ќе трае како и досега до 5 наутро. Предвидениот датум за укинување на оваа мерка е 21 јуни.