ТАВ Македонија преку соопштение до јавноста на својот Фејсбук профил денеска информираше дека сепак македонските граѓани се уште не можат да патуваат во Германија како туристи. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение во целост:
-ВАЖНО!!! КОРЕКЦИЈА!!! Почитувани патници и следбеници,
Би сакале да ве информираме дека делот од информацијата https://www.facebook.com/189273277751475/posts/4359096950769066/ која ја објавивме во саботата, на 12-ти јуни 2021, а кој се однесува на тоа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини, за жал не е на сила сè уште, иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји.
Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас. Ви се извинуваме за ненамерната грешка. Во моментов очекуваме детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добиеме, ќе ги споделиме со вас. Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни.
Имено, Република Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација. Во исто време, електронски пополнет Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен предуслов за качување во авион, стои во нивниот пост на Фејсбук.