Една од најопасните компликации која настанува кај пациентите кои боледуваат од КОВИД-19 е згрутчувањето на крвта. Имено форензичарите во Хамбург по направени 170 обдукции на починати од КОВИД-19, дошле до заклучок дека пациентите многу често умираат од згрутчување на крвта и белодробна емболија.

Токму затоа нутриционистите советуваат која храна треба да се користи и има антикоагулантни својства, а која храна го поттикнува процесот на згрутчување.

Овие намирници кои ги среќаваме во секојдневната исхрана имаат антикоагулантни својства: куркума, ѓумбир, цимет, лчук гинко билбоа, црвено вино (чаша од 150мл), вода (2л на ден), цитрусни овошја (цитрон, портокал, лимон, мандарина), свежи семки од сончоглед и риба (бакалар, туна, сардина, лосос).

А овие намирници би требало да ги избегнувате бидејќи го поттикнуваат процесот на коагулација на крвта: јајца, мајонез, сувомесни производи, пржено јагнешко и свинско месо.

Секако за исхраната секогаш најпрвин треба да се консултирате со вашиот лекар или нутриционист.