Светската здравствена организација денеска на прес конференција соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа.
Од СЗО предупредуваат дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“.
– Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.